Се фатија за лопата пред избори во 2013 и заборавија: Исчезна спортската сала во „Тоде Хаџи Тефов“


%d1%82%d1%85%d1%82-%d1%81%d0%b5%d0%b3%d0%b0Секогаш кога идат избори граѓаните слушаат секакви ветувања. Се што ќе се побара, се ветува дека ќе се реализира.

Политичарите во трката по гласови, набрзо  забораваат на ветеното, иако им е напишано во нивните програми. Собираат новинари, сниматели, граѓани, се фаќаат за лопати, се ставаат камен темелници…

Токму така, камен темелник во пресрет на локалните избори во 2013 година се стави на спортска сала во дворот на училиштето „Тоде Хаџи Тефов“ во Кавадарци. Се  собра цело раководство на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци, тогашниот министер за образование Панче Кралев, пратениците Весна Пемова и Влатко Ѓорчев… Учениците ги наредија да го следат моментот кога во нивното училиште ќе почне да се гради спортска сала…

Стигна (првиот и последен) камион полн со малтер. Лопатите подготвени за акција, политичарите насмеани се фатија за нив и ете, го поставија камен темелникот. Беше кажано дека веднаш се продолжува со изградба на салата, но, од пролетта 2013 досега поминаа цели 3 години салата ја нема. Без спортска сала која е ветена е ова училиште во кое секоја година се запишуваат најголем број првачиња.

panov-saliРодителите чии деца учат во ова училиште прашуваат што се случи со спортската сала за која се ставија темелите, но одговор нема.

Најверојатно сега во пресрет на парламентарните избори власта збудалена и растрчана  да освои 63 пратеници, пак ќе се врати на градилиштето. Да се сликаат, да осетат како изгледа лопатата, да им кажат на граѓаните дека само што не се издигнала салата и ќе си одат. Дали пак ветувањето ќе биде лага,  ќе видиме. Но старите велат,  кој еднаш се научил да лаже,  ќе лаже постојано, оти нели, повторувањето беше мајка на знаењето, а знаењето е сила, знаењето е моќ. Лага, лага, ама да се дојде на власт.

ГАЛЕРИЈА 2013

This slideshow requires JavaScript.

Погледнете го видеото каква свеченост беше направена во дворот на училиштето за изградбата на спортската сала која и по три години ја нема:

 

А еве што може да се виде денес во дворот на ООУ „Тоде Хаџи Тефов“ – Кавадарци

%d1%82%d1%85%d1%82%d1%82%d1%85%d1%82-%d1%81%d0%b5%d0%b3%d0%b0

Фото и видео превземени од интернет.

Тиквешија ИНФО

1 thoughts on “Се фатија за лопата пред избори во 2013 и заборавија: Исчезна спортската сала во „Тоде Хаџи Тефов“

  1. Пингување: Увозот на митингаши неуспешен. Големо фијаско на ДПМНЕ во Тиквешијата | Тиквешија ИНФО

Напишете коментар