Што ќе бара „Кембриџ“ во средното образование?


anketa-rezultatПо спроведената анкета на „Тиквешија ИНФО“ може да видиме дека граѓаните се многу против „кембриџ“ во основното образование. Зошто да го расипуваме и средното образование? Дали не е доволно што ги оглупуваме идните генерации уште од старт, па и доколку некое дете по некаква случајност успее да научи нешто квалитетно додека е уште мало, па да се докусури во средното…

Граѓаните се изјаснија, „кембриџ“ треба да замине од Македонија, што поскоро а не да го прошируваме. Ајде вие (робо)владетели, кои „работите за народот“, направете нешто што сака народот, а не само да се перчите дека правите нешто добро, кое всушност не е ни блиску до добро, напротив, е екстремно лошо за идните генерации.

Зарем треба и средношколците да учат дека 9х6=56? Дека пубертетот е всушност мозолчиња?

Хемија по „кембриџ“ за средно? Дали водата ќе биде Н2ЅО4? Незнам за вас, ама јас и понатаму сакам да пијам Н2О…

Физика? Дали гравитацијата ќе ги турка предметите нагоре наместо надолу?

До каде ли ќе оди оваа глупост? Колку ли тежи овој бизнис па што вие поддржувачи на „кембриџ“ не сакате да се откажете од него? Дали измачувањето и оглупувањето на децата може да се плати?

Ајде заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски и директорката на бирото за развој на образованието Весна Хорватовиќ нека кажат еден аргумент ЗОШТО „кембриџ“ е добар… Нека побијат еден аргумент, од многуте, со кои сите медиуми се бијат шега. Реагираат и наставниците и родителите. Дали некој ги слуша?

Или полнењето на неколку џебови е многу поважно од упропастувањето на цели генерации?

Многу прашања кои немаат одговор ни ги отупуваат децата. Иднината на оваа државичка која „извезе“ многу мозоци низ светот е ставена на коцка. Зошто?

Напишете коментар