Еве зошто груевци се плашат од СЈО


nikola_gruevskiНеделникот Република, „ексклузивно“ го открива планот на СЈО до изборите, кој, според текстот бил договорен со СДСМ, пишува Сведок.мк

Иако во случаите кои ги набројува „нема криминал“, сепак неделникот наведува повеќе случаи за кои до сега СЈО нема најавено истрага. Дали овој текст го покажува стравот во ВМРО ДПМНЕ за тоа, кого очекуваат да биде осомничен/обвинет?

Според РЕпублика, до 11 декември Специјалното обвинителство ќе излезе со 13 до 16 барања за истраги и 6 обвиненија, во кои ќе бидат опфатени повеќе луѓе од раководството на ВМРО-ДПМНЕ, а со јавните прес конференции директно требало да се „атакува“ врз нивниот углед, употребувајќи политички етикети, а со цел да се влијае на нивниот кредибилитет.

Република наведува дека до изборите ќе има обвинение за случајот со изборни нерегуларности „Титаник“.

Меѓу случаите за кој се работело забрзано од страна на СЈО, како што пишува неделникот, е да се отпочне со истрага за набавката на новите шкода возила во МВР, каде што ќе се утврдува економски криминал.

skoda jeti avtomobili mvr

Исто така забрзано се работело и на покренување на истрага за изградбата на автопатот Демир Капија Смоквица. Весникот, близок до владејачката партија, прогнозира дека СЈО ќе продолжело и со лична дискредитација на Груевски, со тоа што СЈО ќе отвори истрага и за набавка на службениот мерцедес за потребите на ВИП гости кој го поседува МВР и кој ги задоволува највисоките безбедносни стандарди.

Тоа е возилото „ОНА НА М“ за кое Груевски бара да има и екрани на задните седишта, кога ќе се вози со децата да има што да гледаат, а истото возило ќе го користи кога ќе оди на пат надвор од Македонија или таму каде што нема да го чекаат новинари. И, кое е најскапо возило што производителот го продал на територија на Југоисточна Европа со цена од над 600 илјади евра.

Текстот во целост на Сведок.мк

Напишете коментар