Бараме мислење од стручно лице: Кембриџ циркус за неписмени идни генерации! (втор дел)


1

фото од учебник Природни науки за второ одделение

 

Поради неверојатно голема читаност (над 18.000 прегледи за 24 часа) и интерес околу темата за Кембриџ програмата,  објавена на Тиквешија ИНФО, а исто така и поради контрадикторните коментари и несогласувања помеѓу читателите, Тиквешија ИНФО апелира кон стручно лице да се вклучи во дискусијата околу оваа проблематика.

Би сакале да прочитаме коментар, од лице кое е компетентно за проценување на соодветноста на програмата за учениците во соодветните одделенија – возрасти.  

Во овој напис само ќе вклучам неколку слики од учебникот по Природни науки за второ одделение, бидејќи дирекно засегнат како родител на второодделенец, а според некои читатели  „некомпетентен“ за критикување на матетријата, би замолил, секој психолог, педагог, наставник, да се произнесе со свое мислење околу Кембриџ програмата.

Коментарите можете да ги оставате анонимно овде (со тоа што не потполнувате име презиме и е-пошта),

може да ни ги испратите на  tikvesijainfo@gmail.com (ви гарантираме дека вашиот идентитет нема да биде откриен без ваша согласност), можете да коментирате јавно на Facebook страната https://www.facebook.com/tikvesijainfo/ или да ни пишете во приватна порака на профил Тиквешија Без Цензура или дирекно на Facebook страната на Тиквешија ИНФО. Доколку ни пишувате на е-маил или во порка на Facebook, задолжително напишете дали сакате вашето име да биде објавено со вашиот коментар или сакате да останете анонимни. Тиквешија ИНФО строго се придржува кон законските одредби за заштита на лични податоци.

Сликите кои ќе ги погледнете покажуваат примери за забеганоста на материјалот по предметот Природни науки за второ одделение.  Прочитајте и кажете го вашето мислење, дали ова што го учи еден второ одделенец е соодветно на неговата возраст и психички развој.

This slideshow requires JavaScript.

2 thoughts on “Бараме мислење од стручно лице: Кембриџ циркус за неписмени идни генерации! (втор дел)

  1. Пингување: Од кога 6×9 се 56? Кембриџ глупостите немаат крај! (Трет дел) | Тиквешија ИНФО

  2. Пингување: Ни ги учат децата на глупости: Кембриџ циркус за неписмени идни генерации! | Тиквешија ИНФО

Напишете коментар