Многу идни генерации ќе останат без пензија!


19262178_303.jpgДа се зголемат придонесите, а да престане зголемувањето на пензиите. Ова е една од најбезболните мерки за стабилизирање на пензискиот фонд за да не мора да се преземаат драстични мерки како што е зголемување на работниот век на граѓаните, велат економските аналитичари. Грција беше земја со многу полоша економија од нашата. Излезе од кризата, но со драстични мерки, вели Благица Петрески, извршен директор на „Фајненс тинг“. За да не мора и Македонија да презима такви драстични мерки, придонесите во земјата мора постепено мора да се зголемат, потенцираа таа.

„Сè со цел да не дојдеме до некои ригорозни мерки, предлозите се да се започне со поблаги мерки каде што товарот ќе се подели меѓу пензионерите и младите генерации кои во моментот го полнат фондот. Тоа значи дека тековните пензионери ќе се откажат од зголемување на пензиите, а ние како тековни генерации ќе плаќаме поголем износ за пензискиот систем“, изјави Благица Петрески, извршна директорка на „Фајненс тинг“.

Поранешната заменик директорка на МАПАС Олга Михајловска вели дека иако владата имала добри намери и сакала да му помогне на бизнис секторот со тоа што ќе го ослободи од многуте давачки, меѓу кои и придонесите, сепак, според неа тоа се покажало како кобно решение за пензискиот систем.

„Оваа влада треба да си пука во колено, ако ги враќа придонесите на старото ниво. Таа ги симна придонесите и сега треба да ги качува, тоа е малку нелогично. Тоа значи дека онаа нова влада, која ќе ја имаме, која и да биде, во првите мерки кои ќе треба да ги преземе, јас верувам дека е повторно враќање на стапката на придонесот, онаква каква што беше 21, 2 проценти и со таа стапка беше обезбеден на долг рок, стабилен пензиски систем. Сега, оваа деценија, со ваквите мерки е направена да биде катастрофална“, рече Михајлова Тиквароска.

За економскиот аналитичар Зоран Витанов доколку драматично нешто не се смени во Фондот за пензиско и доколку Владата не престане со популизам, сите пензионери, за многу кратко време ќе почнат да бараат храна  по контејнери.  Според него Владата знае дека сегашните мерки на краток рок популарно ќе им влијае на пензионерите и на оние кои се вработуваат со стимулации, но на долг рок граѓаните ќе плаќаат голема цена.

„Секој добар лек горчи, доста е со популизам. На Македонија сега и треба една влада што ќе биде непопуларна. Што ќе ги донесе тие мерки, можеби ќе се зголемат давачките во фонд за пензиско, да видиме да направиме математика. Јас не можам да кажам со какви проценти треба да се излезе во покачување на плаќањето во Фондот за пензиско, бидејќи Министерството за финансии ги крие како да се на мајка му на Груевски, а не на државата, тој фонд е наш, сите ние плаќаме“, вели Витанов.

Иако пративме прашања до Фондот за пензиско осигурување до сега не добивме одговор на ниту едно од нив, меѓу кои и колку пари  во 2016 и 2017 добиваат од Буџетот на државата за покривање на пензии и колку пари би му требале на ПИОМ за самостојно да може да ги финансира пензиите.

ТВ 21

Напишете коментар