Ни ги учат децата на глупости: Кембриџ циркус за неписмени идни генерации!


mkd-24651За разлика од порано кога во Македонија имаше образование и кога учениците имаа учебници прилагодени за нивната возраст и наставна програма,  со која многу лесно влегуваа во светот на знаењето, денеска нашите деца се соочуваат со терор, хаос, со неможност да научат и да се прилагодат на глупостите кои некој ги напишал во т.н учебник.

Следните примери се еден мал извадок од учебниците за второ одделение. Од разговори со други лица, родители на деца во повисоките одделенија, имаме сознание дека и таму работата е траги-комична. Трагична за учениците и родителите. Комична за авторите и за нивното незнаење кое за жал ќе го пренесат на идните генерации.

Се соочуваме со апсурдни грешки во пишувањето/печатењето на учебниците… На следните слики може да се виде каде што е даден текст и потоа на следната страница според текстот треба да се состават реченици со поврзување. Примерот кој е даден, кој би требало да ги насочи учениците како да ја решат задачата е ПОГРЕШЕН. Дали целта на Кембриџ програмата е да се направат идните генерации полуписмени за да им биде полесно на „императорите“ да не контролираат?

20161019_211121

20161019_211058

Исто така во учебниците има задачи кои се невозможни да бидат изведени од второодделенец, односно дете од седум години… Од нив се бара да составуваат електрични кола, да покажат разбирање околу тоа како функционираат работите во природата, а кои се комплетно несоодветни за нивната возраст (да не заборавиме, второодделенци на седум години). Дали Кембриџ образовната програма е создадена за „дообразување“ на родителите?

20161020_211003.jpg

Или пак сериозно се очекува дека второодделенец ќе биде способен да разбере шематски приказ на електрично коло (независно колку просто) и да биде помошник електричар? Дали навистина од нив се очекува да знаат и да разберат низ кои материјали може да тече струја а низ кои не? Да не заборавиме – учениците се оценуваат за овие задачи…

Во минатото се учеше  еден текст кој се викаше „Петка за мама“, тој не учеше дека ученикот треба САМ да ги завршува домашните задачи… Кембриџ – бара сериозни вложувања на родителите, затоа што е невозможно едно дете да ги изработи само,  бараните задачи… Дали се оценуваат родителите или учениците?

20161020_211201.jpg

Дали вие „Кембриџ мафија“ знаете барем едно име на џуџеста планета? Јас сум убеден дека барем 90% од населението во светот нема слушнато за терминот џуџеста планета. Би ги замолил новопечените партиски наставници од одделенска настава, да размислат доколку еден второодделенец ги праша за имиња на џуџести планети дали би можеле да му дадат одговор без да пребаруваат на интернет? – УБЕДЕН сум дека одговорот е НЕ… Ако наставниците не знаат, како еден второодделенец би научил?

Како еден второодделенец би разбрал дека планета може да биде „направена“ од друг материјал освен „камења“? Впрочем… Дали планетата Земја е „направена“ од камења? Што за еден второодделенец претставува камен?

20161020_211917

Преводот од англиски јазик е катастрофа… За користење превод од англиски јазик на македонски е потребна адаптација. Со буквален превод имаме само еден голем Кембриџ Циркус.

Наместо да ги малтретираме и уназадуваме децата со работи кои се несоодветни за нивната возраст, би било повеќе од одлично да се вратат на старата програма, според која, од нашата земја се „родија“ признати научници, доктори на науки, кои за жал работат насекаде во светот (што подалеку од Македонија) каде што нивното знаење и труд се ценети колку што треба.

Тиквешија ИНФО

Кембриџ втор дел

 

9 thoughts on “Ни ги учат децата на глупости: Кембриџ циркус за неписмени идни генерации!

  1. Пингување: Од кога 6×9 се 56? Кембриџ глупостите немаат крај! (Трет дел) | Тиквешија ИНФО

  2. Пингување: Бараме мислење од стручно лице: Кембриџ циркус за неписмени идни генерации! (втор дел) | Тиквешија ИНФО

  3. За квалитетот на содржината и на преводот има доволно коментари. Јас ќе ги прашам оние од МОН и, секако, нивните ревносни поддржувачи, како е можно тие за овие девет-десет години колку се на власт, да сфатиле дека во нашиот народ СИТЕ дипломирани, магистрирани, докторирани стручњаци и научни (и наставни!) работници се НЕСПОСОБНИ да напишат учебник за основно образование. Треба да сме толку глупав народ што заправо и не може да се образува. Според ДПМНЕ толку ни фаќа црпката. Како можат нивните обожуватели да поднесат такво самоомаловажување, такво потценување на сопствениот народ? Нема тие кои не сакаат повисоко да ни ги вреднуваат школите ни со овие неписмени и глупави учебници, како што не ни го признаваат името. Исто така! Треба да ги стимулираат НАШИТЕ стручњаци да пишуваат учебници според добри програми. Треба да се запрашаат ЗОШТО откако знам голем дел од учениците буквално МРАЗАТ МАТЕМАТИКА. Наместо професорите по математика да ги плашат децата од првиот ден (за да си ја покачат важноста над сите и над се и да доокажат дека тоа е наука само за избрани од Бога), не би било лошо да им ја приближат, да успеат да ги убедат учениците дека е потребна, дека може да се научи и дека е интересна. И оваа претерана стимулација на математиката е контрапродуктивна. Децата, талентирани за пшување, цртање, музика, глума итн. треба да се чувствуваат (поради ПОГРЕШНИТЕ таленти) за деца од втрор ред ? Конечно, ако некој не е за математика, не треба да се стимулира да стане стручњак во таа област. Слаб градежен инженер може да предизвика трагедија. И понатаму ќе ни требаат и другите струки. Добар правник е многу покорисен од слаб лекар, инженер, технолог … Мислам дека луѓето би требало да се остварат во професијата која им лежи и во која најмногу ќе постигнат. Не да знаат однапред дека ќе бидат казнети затоа што нешто сакаат да бидат кога ќе созреат (а тоа нема врска со математиката). тоа нема да се реши со потценување на сопствениот народ ниту со ло0ши преводи од странски учебници. Конечно, да ги потстетиме оние од МОН дека во Англија може да се студира филозофија, психологија, музика, книжевност, социологија, право …

    Ми се допаѓа

  4. Апсолутно се сложувам дека не е ништо страшно, напротив – пожелно е секоја потребна информација да се побара на интернет (небитно дали од ученикот, учителот или родителот).

    Да, денес децата знаат да користат компјутер и мобилен телефон. Мојата ќеркичка ги користи од своја 2 годишна возраст. Но дури и на 5 сеуште не знае да чита и не планирам да ја форсирам додека не почне да оди во училиште. Ако појави желба, секако, тука сум и ќе направам сеза да и помогнам. Но ако сака само да си игра, не планирам да и` го уништувам и трошам детството. Нема да има второ детство. Мора да се сложам со фактот дека ова не е соодветна програма за второ одделенци (7 години). Тоа е возраста на која штотуку се учи читање и пишување. Дури и да знае тоа дете да чита и пишува, тоа е сеуште тешко за него. Сосем е во ред ако детето треба да ги бара овие информации кога би имало 9-10 години.

    Ми се допаѓа

  5. “Или пак сериозно се очекува дека второодделенец ќе биде способен да разбере шематски приказ на електрично коло (независно колку просто) и да биде помошник електричар? Дали навистина од нив се очекува да знаат и да разберат низ кои материјали може да тече струја а низ кои не? Да не заборавиме – учениците се оценуваат за овие задачи…
    Во минатото се учеше еден текст кој се викаше „Петка за мама“, тој не учеше дека ученикот треба САМ да ги завршува домашните задачи… Кембриџ – бара сериозни вложувања на родителите, затоа што е невозможно едно дете да ги изработи само, бараните задачи… Дали се оценуваат родителите или учениците?”
    Дали сериозно се очекува второоделенец да разбере шематски приказ на електрично коло?? Па во некои времиња – во домовите имавме “електрични кола” кои можевме на прсти да ги изброиме. Децата си играа со дрвени колички, и со топки од партали.
    Денес бебињата од раѓање гледаат над нивните креветчиња “електрични кола”, учат од неполна година дека кога ќе го потегнат конецот на куклата таа ќе почне да светка и пее. Многу рано научуваат дека кога таа ќе престане да пее треба да се сменат батериите на куклата. Уште пред да тргнат нашколо веќе играат на смартфоните на нивните родители
    Тогаш си го поставувам прашањето зошто второоделенец не би требало и не би можел да научи низ кои материјали може да тече струја а низ кои не??
    Но поентата повторно е во тоа дека најголем успех е да го научите детето да истражува, само да се интересира, да го оспособите да знае да го прави тоа… да можеби како мали ќе помагаат во тоа наставниците, мама,тато баба, дедо, браќа сестри…….но ќе направите човек кој навистина ќе знае и може да ги користи библиотеките, интернетот, медиумите да стекнува знаења цел живот и како резултат на тоа ќе добииете генерации кои навистина ќе можат да размислуваат и да учат со своја глава, сами да креираат сопствени мислења за работите што ги опкружуваат без да подпаѓаат под наметнати вистини и информации. Ќе добиеме многу подобри научници, професори, адвокати судии, политичари, доктори….

    Ми се допаѓа

  6. Не ми е целта да ја коментирам дали е добра или не Кемвриџ програмата, затоа што рачунам дека не сум доволно стручен да го правам тоа, но би сакал да изнесам мое видување за нападите на истата.
    Се согласувам дека треба да има постручен(од некој преведувач кој добро ја совладал исто така и поентата на тоа што го преведува) и многу поквалитетен превод. Печатните грешки ги имало и ќе ги има во било кој вид литература иако се сокласувам дека многу повеќе треба да се внимава на тоа.
    Но да се фали и споредува старата програма и новововеденава апсолутно според мене не држи затоа тоа се две потполно различни времиња. Во некој бивши времиња ако вие живеевте во некоја мала средина каде што дури и обичен телефон фиксен телефон беше луксуз и каде во малото селско училиште немаше ни 1 книга повеќе од учебникот, нормално беше дека се што е потребно ученикот да научи мораче да го има во учебникот.Исто така тој мораше да биде добро прилагоден и со возраста на ученикот, затоа што ако еден второоделенец неможе да го свати тоа, речиси и непостоеше начин во тие мали средини од некој друг извор тоа и да го направи.
    Како е денес? Дали има поголем процент од населението мобилен телефон? Да секако!. Дали имаме огромен избор на ТВ канали- како извор на информации – секако!. Дали процентот на интернет покриеност е голем и секојдневно се зголемува? Да секако!. Дали тој интернет е непресушен извор на информации- секако.
    Е сега поентата на Кембриџ програмата а со тоа и на самиот учебник е кај детето да развие способност и интерес самото тоа да истражува и да учи од многуте извори на информации кои масовно не опкружуваат.
    Еве сега да го искоментирам ова “Дали вие „Кембриџ мафија“ знаете барем едно име на џуџеста планета? Јас сум убеден дека барем 90% од населението во светот нема слушнато за терминот џуџеста планета. Би ги замолил новопечените партиски наставници од одделенска настава, да размислат доколку еден второодделенец ги праша за имиња на џуџести планети дали би можеле да му дадат одговор без да пребаруваат на интернет? – УБЕДЕН сум дека одговорот е НЕ… Ако наставниците не знаат, како еден второодделенец би научил?”
    Да секако , не 90 можеби и 99% од населението во светот нема слушнато за џуџестите планети, но зошто ,навистина зошто стварно се прашувам – “без да погледне на интернет”??? Забрането е тоа? Зошто да не го сврти ТВ приемникот на Discovery Science на пример??- забрането е? Дали вие навистина мислите дека е мал процентот на второоделенеците денес кој знаат да си играат на својот компјутер и да си играат интернет игрички?? Зошто би било проблем да оваа програма што жестоко ја критикувате без доволно аргумент да не ги натера тие второделенци, па дури и нивните родители да го користат својот компјутер и својата интернет врска освен за игри и за нешто да научат?? Дали е тоа погрешно? Зошто би било погрешно да таа иста програма не ги натера второоделенците и ивните родители да отидат дири и во најблиската библиотека и во купиштата книги ја пронајдат онаа која ќе им ги даде одговорите за “џуџестите планети”. Исто така што е погрешно да оваа програма ги натера и «новопечените наставници” да го направат истото и си ги покријат дупките во своето знаење?
    Колку и да била добра старата програма, колку и да била перфектно напишана и одмерена за возраста, мораме да сватиме дека живееме во ново време и дека додека во мое време беше навистина тешко да најдам било каква информација дека воопшто постојат џуџести планети – а сега испровоциран од вашиот текст ги научив и нивните имиња. И на мојот второодделенец му најдов на «забранетиот интернет” прекрасна анимација за џуџестите планети прилагодена на неговата возраст.Тој беше пресреќен што научил нешто ново – дали погрешив во нешто??

    Ми се допаѓа

    • Како што Вас не ви е целта да ја коментирате Кембриџ програмата, ни мене не ми е цел да ве убедувам во нешто спротивно од тоа што Вие сте убедени дека е исправно. Но јас како читател апсолутно го поддржувам авторот на статијата. 

      Печатни грешки да, разбирам во лектира каде што има илјадници зборови на една страна и да има една буква згрешено на секоја педесетта страна, но во книга каде што има 25 зборови на една страница е глупост да се прават печатни грешки. Книгите се лекторираат пред да се печатат. 

      За Ваша информација, не сум од античко време, 26 годишник сум така да не сум раснел во средина каде што немало ништо, но со сигурност ви тврдам дека едно нешто кое што имав беше детство кое доликува на дете. Дали Вие оправдувате тоа да децата седат пред компјутер и прибираат информации за нешто што не им доликува на возраста? Дали Вие оправдувате наместо здрав живот, со топка, со играње во природа, децата да растат со искривен `рбет затоа што си играат игрички од модерно време и мораат да учат од интернет? Јас не… Ако треба да учат од интернет, нема зошто да посетуваат училиште. 

      Дали интернетот го „забранувам“ – НЕ. Дали имам против тоа да се движиме напред со технологијата – НЕМАМ. Но се во свое време. Кога едно дете доволно ќе созрее, да може да ги соџвака информациите – нека го следи овој модерен живот. Но додека детето уште не научило букви Кембриџ бара од него да чита. Детето не научило да држи молив и да пишува прави коси криви линии, Кембриџ од него бара да пишува. Татко сум на првоодделенец кој за домашна задача по математика, секојдневно без исклучок, треба да пишува по една страница бројки. Едноставно нека има некаков ред. 

      Нека научи да пишува едноставни форми и линии. Нека продолжи да пишува бројки и букви. Нека почне да решава задачи со собирање и одземање. Нека научи да собира и одзема повеќе членови. Нека научи букви. Нека почне да пишува и чита. Нека учи кратки песнички напамет. Нека почне да ја запознава наједноставната природа околу себе, она што може да го допре, да го разбере на негова возраст. Нека почне да го запознава општеството. Да не пишувам до бескрај – нека има некаква систематизација. Не хаос… Ова мене ми личи на ѕидање куќа, прво оџак, па втор кат, па приземје, па кров, па темел. Кога ќе се најде мајстор да направи ваква зграда тогаш од оваа програма ќе имаме школство.

      Рековте имате второодделенец. Не споменавте кој го направи електричното коло на Вашето дете (петка за тато?). Што ако тоа дете наместо на батерија ги стави тие жици во штекер? Не верувам дека повеќе од едно во илјада деца е доволно свесно да расуди дека батеријата и штекерот не се иста работа. 

      Со еден збор – Кембриџ програмава е с**ње (простете ми на францускиот).

      Ми се допаѓа

      • Не оправдувам, а и никаде не го кажувам дека децата треба да седат пред компјутер и играат игрички од модерно време. Напротив моите деца ги стимулирам да излегуваат надвор да играат со другарчињата топка, да се дружат во живо а не од дома преку друштвени мрежи.Ги учам дека е многу подобро дури и заедно да испаднеме да прошетаме некаде во природа, наместо да седиме и гледаме ТВ. Ништо од тоа не е спорно. Но кажувањето и идејата е да ги научам моите деца да знаат сами да го пронајдат одговорот на секое прашање што си го поставуваат. Не тато директно да им одговори,не тато да им напише домашно или направи електрично коло. Уште помалку тато или мама да ги форсира од мали што треба или што мораат да знаат. Но на 4 години ако детето ме праша само, не јас да го терам и присилувам- “тато која е оваа буква?” – треба ли да му одговорам – “..оди надвор играј топка мал си уште?” Според мене многу е подобро дури и да го знам одговорот наместо директно да му одговорам да му помогнам заедно да го побараме(дали во библиотека дали во домашните енциклопедии и книги, на интернет или било каде, или едноставно да седнам и со интересен разговор прилагоден на неговата возраст заедно да го најдеме одговорот. На овој начин сум сигурен дека и детето ќе биде позадоволно, но со тек на време и ќе научи самостојно да се снаоѓа и кога тато и мама не се тука. А што се однесува до училишните програми, тие мора да се менуваат, точно не се совршени треба да се критикуваат затоа што со аргументирана критика тие би се поправиле,надградиле. Но мора да го напуштиме еднаш за секогаш дека училиштето е единственото место кое мора да даде знаење, многу е поважно да ги научи дека не оценката, не учебникот или наставникот е битен, туку да ги научи како сами да го црпат истекнуваат своето знаење преку се што гу опкружува. Не печатните грешки, или нестручниот превод(колку и да е важно и тоа) е единствениот аргумент дека самата програма не е добра. Не ми е намерата ниту да ја бранам, но тој што е стручен за тоа сакам да испадне со аргументирана критика, но исто така и со конкретни и издржани предлози за нејзино подобрување..Мора да научат дека само со знаење и тоа вистинско знаење можат да постигнуваат подобри успеси во заедницата каде што живеат

        Ми се допаѓа

Напишете коментар